80-годишна баба добила 50 милиони долари на лото

Лоис Олсен од малото село Ирма заминала да набави намирници од локалната продавница, а таму ја дознала информацијата која го променила животот на целото нејзино семејство.

На брзина проверила од апаратот колку има освоено на лото, а првиот резултат кој го видела бил само 15 долари. Но кога уште еднаш го ставила лото тикетот, добила одговор дека добивката е 500 долари.

лото ливче

“Изгледаше како да се 500 долари, но мислев дека нешто не е во ред со апаратот па ја замолив девојката која работи таму да провери” , рече 80 годишната старица.

„Апаратот е во ред госпоѓо. Но сте освоиле 50 милиони долари а не 500“ и рекла девојката.

Секако, во село од 450 жители веста многу брзо се проширила. Но сите жители на селото одбивале да им откријат на ТВ екипите каде живее Лоис, за да не го нарушуваат нејзиниот мир.

лото

Но, госпоѓа Олсен не е баш пресреќна за добивката.

“За мојата фамилија ова значи многу и многу ќе им помогне. Јас сум престара за ова. Би сакала да ги освоев овие пари пред 20-30 години. Всушност не знам на што ќе ги трошам парите, освен што ќе им помогнам на моите потомци “.

Лото