Актерот на Дизни го очекува долгогодишна затворска казна

Како што објави порталот TMZ, актерот Стони Вестморленд се соочува со обвинување за педофилија.

Стони бил уапсен викендов поради сомневање дека на интернет наговарал на секс малолетно лице. Не е познато од кој пол е малолетното лице, но станува збор за 13 годишно дете.

Американскиот актер се допишувал со малолетното лице и го наговарал на секс и испраќање експлицитни фотографии преку онлајн апликација за запознавање, што е забрането со закон.

Доколку обвинувањата се потврдат, Вестморленд го очекува долгогодишна затворска казна.

Стони е познат по улогата на дедо во телевизиската серија „Енди Мек” која се емитува на каналот Дизни.

Вестморленд доби отказ од „Дизни“ веднаш по апсењето.