Алкохолна мапа: Еве што се пие во Европа

Црвено – вино / жолто – пиво / плаво – вотка

Мапата покажува дека во Европа доминираат три алкохолни појаси.

На исток и север доминираат дестилираните пијалоци, во средна Европа се пие пиво, а на југот неприкосновено е виното.

Вински појас – овде виното со тек на историјата преставува важна индустрија и производ кој секојдневно се конзумира. Предел каде лозјето од кое се прави успешно вирее веќе 1000 години во големи количини

Пивски појас – во овој предел одгледувањето на житариците е еден од основните дејности, затоа тука и повеќе се пие пивото.

Појас на вотка – иако овде вотката е ,,крал,, на пијалоците, во Скандинавија на пример денес повеќе се пие пиво, што не значи дека и вотката не се конзумира во големи количини.

Според оваа карта во Македонија најмногу се пие вино.