Американец по шести пат освоил премија на лотарија

Брајан Мос од Меридијан освоил 250.000 американски долари во четвртокот на грепки, објави лотаријата во Ајдахо, означувајќи ја неговата шеста победа, најголема досега.

Мос, кој е сопственик на продавницата „ Newko Sport and Nutrition“, рече дека редовно игра на лотарија затоа што знае дека тоа им користи на училиштата во Ајдахо. Имено, дивидендата од лотаријата во Ајдахо од нејзиното основање оди во т.н. Постојан градежен фонд, а за време на историјата на државната лотарија, 961,5 милиони долари се издвоени за училишта и универзитети, пишува Си-Ен-Ен.

„Горд сум што помагам да ги поддржиме јавните училишта во Ајдахо, па затоа навистина играм“, рече Мос во изјавата.

Тој исто така вели дека планира да издвои од своите добивки за да ја школува ќерката.