Бидете внимателни со плинските боци: Совети за правилно чување

Деновиве сме сведоци на несреќи предизвикани од експлодирање на плински боци.

Доколку во домот користите плинска боца или пак во автомобилот, проверете дали им е истечен атестот и дали воопшто го имаат.

Кога купувате плинска боца кај овластено и регистрирано лице најбитно е да го проверите датумот на производство кој е испечатен на врвот оф боцата, а потоа и датумот на атестирање кој не смее да биде постар од 10 години.

Покрај споменатите има уште неколку практични совети кои можат да го спасат животот на секој корисник.

Обавезно консултирајте се со трговецот како да ја користите плинската боца. Боцата не смее да биде изложена на топлина и да се чува подалеку од деца. После употребата, задолжително да го затворите вентилот.

Доколку не ја користите, оставете ја да стои право и со затворен вентил и да ја проверувате барем еднаш годишно.