Бизарни домашни лекови кои помагаат

Ви ги претставуваме неколкуте бизарни домашни лекови кои навистина ќе ви помогнат да се решите од тешкотиите, а притоа да не морате да пиете таблети и хемикалии.

МОЛИВ – против главоболка: Кога сте нервозни, напнати и под стрес, често подсвесно ги стискаме забите, со што го оптеретуваме мускулот кој ја поврзува вилицата со слепочницата што резултира со главоболка. За да го спречите ова едноставно загризајте молив, со кој ќе го оневозможите работењето на овие мускули и ќе ги опуштите, а на тој начин ќе се ослободите од болката.

ВОДКА – против непријатен мирис на стапалата: водката содржи висок процент на алкохол, кој ги уништува бактериите заслужни за непријатните мириси, односно ја суши влагата на кожата од стапалата. Нанесете водка на парче ткаенина и избришете ги вашите стапала пред да облечете кондури.

СОДА БИКАРБОНА – против уринарни инфекции: лек кој ќе го направите од една четвртина лажичка сода бикарбона измешана со од прилика два литри вода (секојдневно неколку дена по ред) може да ви помогне околу проблемот со уринирање.

ВОДА ЗА УСТА – против плускавци: непријатните плускавци може да ги решите лесно и безболно. Едноставно намокрете парче памук во водата за плакнење заби и три пати дневно полека натапкајте на местото. Водата ќе ги исуши течностите под површината на кожата и така ќе избегнете пукање на плускавецот и непријатни рани.