Бизнисмен ќе оди на одмор заедно со своите 3500 вработени

Бизнисмен од Индија ќе оди на одмор во Истанбул, а со себе ќе поведе 3.500 свои вработени, за што ќе потроши над 10 милиони долари, пренесоа турските медиуми.

Како што јавија турските медиуми, за организирање на еднонеделниот одмор на милијардерот и неговите вработени во Истанбул, се ангажирани Сојузот на турските туристички агенции, како и службеници од Министерството за култура и туризам на Турција.

Најголемиот број од гостите се од Индија, но имало и околу 350 лица вработени во фирми на бизнисменот во 20 земји, а за нивно сместување се резервирани 10 луксузни хотели во Истанбул.

Медиумите не го наведуваат името на бизнисменот, но истакнуваат дека овој човек се наоѓа на листата на „Форбс“ на најбогатите луѓе во светот.