Бомба на снимањето на Анџелина Џоли! Актерите биле веднаш евакуирани

Анцелина Џоли моментално работи на новиот филмски проект „The Eternals“, кој е дел од франшизата за суперхероите на Марвел.

Актерката и нејзиниот колега актерот Ричард Маден проживеале вистински шок и страв за своите животи, кога за време на сетот била пронајдена бомба.

Целата филмска екипа морала итно да биде евакуирана во Фуертевентура во Канарските острови, а продуцентите во паника ги повикале пиротехничарите да ја деактивираат и отстранат експлозивната направа.

Пиротехничарите успеале да ја деактивираат бомбата, која веројатно заостанала од Втората светска војна па снимањето на филмот можело да продолжи.

Џоли била видно потресена од немилиот настан,особено што на сетот присуствувале и нејзините деца.

Островот во склоп на Канарските острови, на кој снимале, наводно бил германска воена база за време на Втората светска војна, па ова ја објаснува и залутаната бомба.