• Доаѓа поштар на врата кај Перица. Малиот Перица излегува, со Плејбој под мишка, со томпус во уста и шише виски во рака.
    - Дома ли се твоите? - го прашува поштарот Перица.
    - А ти што мислиш? - одговара Перица.
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Лавот ги собрал на куп сите животни и им наредил:
    - Убавите ќе застанат од левата страна на потокот, а интелегентните од десната.
    Почнале да се редат животните и сите си го зазеле местото, само жабата стои здрвена во место.
    Лавот ја прашува:
    - Жабо, што чекаш ти?
    - Па,тогаш да се расчеречам!
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Чак Норис фатил КОВИД - 19...
    Сега КОВИД е во карантин 14 дена!
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Јадете многу лук!
    Не помага во корона вирусот, но ги држи другите на расојание!
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • -Киро умрел
    -Коронавирус?
    -Не обичен грип.
    -Е па ништо страшно..
      #ВицовитеНаДедо
  • Еден Македонец отишол на лекар со болки во градите. Му направил докторот рентген и рекол:
    – Имате лебарка во белите дробови. Треба да одите во Германија на операција.
    Отишол во Германија, го прегледале таму и му рекле:
    – Вие сте 15-ти пациент што ни доаѓа од Македонија. Белите ви дробови се совршено здрави. Кажете им на докторите таму дека имаат лебарка во рентгенот
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Цветко го прашува Трпе:
    – Зошто раскинавте со Трпана?
    – Брат ја осетив нешто ми врти муабет деца семејство ова она…
    – Што ти рече?
    – Ај да нарачаме фамилијарна пица!
      #ДаМуВерувашНаДедо
  • Професорот им објаснува на учениците дека секогаш треба добро да се промисли пред нешто да се каже.
    – Ако е нешто важно и сериозно, подобро да изброите до 100 пред тоа да го кажете.
    По некое време, професорот забележал како во целото оделение децата мрдаат со усните се побргу и побргу. По некое време Трпе почнал:
    – …деведесет и осум, деведесет и девет, сто. Професоре, ви гори палтото!
      #ДаМуВерувашНаДедо
  • Мало девојче забележувајќи неколку бели влакна во смеѓата коса од мајка си, прашала:
    – Мамо, зошто имаш бели влакна на главата?
    – Секогаш кога ќе направиш некоја беља или ќе ме изнервираш, по едно влакно од косата ми станува бело – одговорила мајката.
    Девојчето размислило малку па повторно прашало:
    – А зошто тогаш на баба целата коса и е бела?
      #ДаМуВерувашНаДедо
  • - Добро утро. Вие докторка сте тука?
    – Не, јас сум сестра.
    – Еее и тука се напикавте по роднинска врска…
      #ДаМуВерувашНаДедо