• Оди Трпана на доктор:
    Докторе, страдам од импотенција.
    Како тоа страдаш, па ти си женско ?
    Маж ми боледува докторе… јас страдам.
      #ВицовитеНаДедо
  • Оди Трпе на доктор и му вика на докторот:
    Докторе имам камења во желудникот, имам песок во бубрезите што да правам?
    Докторот насмеано му вика:
    Ти пријателе треба да си отвориш градежна фирма.
      #ВицовитеНаДедо
  • Влегува Трпе во црква и го прашува попот:
    Попе, смее ли човек да се збогати на туѓи грешки?
    Никако Трпе, тоа е грев.
    Епа тогаш врати ми ги 100те евра што ми ги зема за венчавката.
      #ВицовитеНаДедо
  • Трпана му вели на Трпе: Бирај или јас или ракометот?
    Трпе: Ќе размислам 90 минути.
      #ВицовитеНаДедо
  • Влегува Трпе дома мртов пијан, Трпана го гледа и му вика:
    Немам зборови!
    Трпе: Фала богу!
      #ВицовитеНаДедо
  • Во жестока караница Трпана му вели на Трпе:
    Подобро да се омажев за ѓаволот, отколку за тебе!
    Е не можеш, бракот помеѓу блиски роднини не е дозволен!
      #ВицовитеНаДедо
  • Имаш ли некакви планови за Велигден?
    Да, ќе си поминам како Исус!
    Како?
    Ќе исчезнам во петок и ќе се вратам во недела!
      #ВицовитеНаДедо
  • Трпе и прави муабет на Трпана:
    Што правиш во слободно време?
    Во слободно време сум згодна!
    Гледам дека немаш баш многу слободно време.
      #ВицовитеНаДедо
  • Девојко, зошто го уди син ми?
    Цело време ми викаше дека сум дебела.
    А ти што мислеше, ако го удриш дека ќе ослабиш?
      #ВицовитеНаДедо
  • Трпана му се дере на Трпе:
    Зашто не ме слушаш,кога знаеш дека ти зборувам?
    Зошто ми зборуваш кога знаеш дека не те слушам?
      #ВицовитеНаДедо