Доктор Оз: Совети за добро утро

Не одложувајте го алармот

Секој пат кога наутро го одложувате аларамот вие ги пореметувате своите хормони и природниот циклус на различните фази на сонот. Тоа може да направи да се чувствувате лошо и уморно откако ќе станете. Затоа, подесете го аларамот на точно време на будење и не го пролонгирајте својот сон- наместо тоа заминете на спиење порано.

Дишете длабоко и истегнете се

Кога се будите добро истегнете се. Потоа седејќи на креветот исправете го своето тело, замижете и сконцентрирајте се на дишењето. Со ваков антистрес тренинг може да го намалите ризикот од срцеви удари и да ги намалите ефектите на стресот.

Појадувајте јајца

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето на протеин за појадок влијае на бројот на калории кои ќе ви внесете во текот на денот. Така, појадувајте јајца наутро и тоа е вистинскиот начин да го започнете вашиот ден. Задолжително јадете ги жолчките од јајцата, бидејќи тие може да го намалат ризикот од Алцхајмерова болест.

Користете здраствени апликации на својот телефон

Користете апликации на телефонот кои ги пребројуваат калориите кои ги внесувате и ги следат вашите здраствени навики. Пронајдете апликација која ќе одговара на вашиот начин на живот и следете ги своите здраствени навики.

Половина чинија зеленчук во секој оброк

Зеленчукот треба да биде основа на вашата исхрана во текот на денот. Задложително наполнете ја својата чинија со разнобоен зеленчук и ќе го намалите ризикот од болести на срцето и крвните садови.