Емотивна средба: Мајка после 9 месеци за прв пат го слушна отчукувањето на срцето на својот син откако го донирала

Ана Луис од Северна Каролина го изгуби својот син пред 9 месеци, но неговото срце отишло во градите на друг човек, така што на некој начин нејзиниот син продолжи да живее. Девет месеци после трансплантацијата, Ана за прв пат се сретна со човекот кој го доби срцето од нејзиниот син.

Таа постојано се смешкаше додека со стетоскоп го слушала ритамот на срцето кое сега чука во градите на Грег Робинс. Грег и Ана прв пат се виделе после трансплантацијата, а за нив двајца ова е нов почеток.

“Беше многу чудно. Грег ми даде утеха и сега знам дека мојот син на некој начин е жив. Тоа беше прекрасно чувство, да знам дека можам повторно да го слушнам и почувствувам срцето на мојот син”, рекла Ана.

Синот на Ана, Грег Рикс, имал само 31 година кога загинал во автомобилска несреќа. Таа после несреќата не можела да се одлучи што ќе прави со срцето на синот, но подоцна одлучи дека ќе го донира. Неколку години претходно и сопругот на Ана бил донатор на органи, откако починал од срцев удар, неговите органи беа донирани за други лица.

“Кога ме прашаа дали сакам да ги донирам органите, мојата прва реакција беше “не”. Се чувствував многу чудно, потоа помислив дека не можам да дозволам мојот син да биде мртов. Не можев да преживеам со тоа. Знаев дека Грег има здраво, убаво и големо срце и сакав да видам дека тоа срце ќе продолжи да живее”, рекла Ана.

Во меѓувреме Грег Робинс имал компликации со своето срце поради срцев удар, а докторите му рекле дека неговото срце работи само 25 % од неговата сила и дека му е потребна трансплантација. Нешто подоцна, докторите пронашле соодветно срце и само по неколку часа го оперирале и спасиле неговиот живот.

После неговото опоравување, Ана му прати писмо на Робинс во кое го опиша нејзиниот син, кој бил семеен човек. И двете семејства се сретнале 3 месеци подоцна и Ана конечно имала можност да го чуе ритамот на срцето.