Еве како сами да го направите чудесното кантарионово масло (видео)

Маслото од кантарион се смета за чудесно, бидејќи успешно смирува или дури  лекува цела низа симптоми, како што кожни проблеми, изгореници од сонце, лесни депресии и гинеколошки тегоби.

Кантарионот е познато народно растение кое со векови се користи за разни проблеми, а најмногу кај болести проследени со висока треска, кај тегоби поврзани со црниот дроб и жолчката. Неговата лековитост и се припишува на активната состојка хиперицин во него, која е заслужна за противвоспалителното, смирувачкото и регенерирачкото делување на кантарионот и на сите нејзини состојки.

Многу од студиите спроведени над кантарионот се имаат вршено над неговото делување врз депресијата. Со клинички испитувања е утврдено делувањето на кантарионот врз симптомите на депресијата, кои почнуваат да се повлекуваат постепено веќе по првата негова примена.

Подготовката на кантарионово масло е многу едноставна.

Потребна ви е пријатна прошетка на ливада, лист воздух, малку берење на кантарион, стаклена тегла и маслиново масло.

Искусните домаќинки со векови наназат го правеле кантарионовото масло, а вeројатно сите сме се нашле во ситуација кога за нешто, некој ни го препорачал.

Во видеото подолу, погледнете како точно се подготвува маслото од кантарион!.