(ФОТО) Девојче клекна пред бабичка која проси, поразговараа па ја прегрна

Девојче клекна пред бабичка која проси на уличката Кнез Михајлова, поразговараа кратко, а потоа ја прегрна. Сето ова е овековечено, од фотограф кој сличајно се нашол во вистинско време на вистинско место.

Авторот на фотографијата, Владимир Чех вчера шетал во главниот град и забележал потресна сцена. Имено, не дознал околу што девојката разговарала со бабичката, но оваа фотографија кажува многу повеќе од тоа.

-Видов девојка која клечи и разговара со бабичката. Кога се прегрнаа, срцево ми се стегна. Не сакав да им пречам и да им пријдам, па само фотографирав. Инаку, бабичката е тука секој ден. Проси и заработува за животот, изјавил Владимир за тамошните медиуми.

Оваа фотографија е доказ, дека човечкото во нас за среќа не згаснало.