Галебот и јас: Најдобрата балада на Оливер крие интересна приказна

Легендарниот Оливер Драгојевиќ замина во своето вечно почивалиште, но зад себе остави огромно музичко богатство со кое ретко кој пејач може да се пофали.
Една од неговите најпознати балади е “Галебот и јас”.

Првпат е отпеана во 1975 година но баладата има интересна приказна за нејзиното создавање.
Автор на истата е Зденко Руњиќ, кој за хрватската легенда имал напишано скоро 200 песни.

“Шетав со синот Борис кој тога имаше околу 8 години. Беше есен и ги гледавме насобраните галеби. Син ми во еден момент ме запраша зошто не направам песна за галебите и јас почнав да размислувам на таа тема.” – раскажува Зденко за настанувањето на познатата балада.

Кога Оливер ја отсвирил песната се воодушевил од неа и се договориле тој да ја испее.

Песната случајно во Лос Анџелес ја слушнал Неил Дајмонт кој во моментот ја работел музиката за филмот “Галебот Џонатан Ливинстон” . Според раскажувањето на композиторот Руњиќ, му била понудена огромна сума на пари за да ја продаде и да биде насловна композиција за филмот, но Зденко категорично одбил.

Музиката за Галеб и јас ја напишал за само дваесетина минути.