Изглед кој ќе сакате да го копирате: Познатата манекенка на фестивалот во Венеција (видео)

Денес започна Филмскиот фестивал во Венеција, еден од најпрестижните и најгламурозни фестивали.

Освен по одличните филмови и оваа година фестивалот со сигурност ќе се памети и по изгледот на познатите јавни личности кои дефилираат на црвениот тепих.

Познатиот бразилски топ модел Изабел Гулар прва го “отвори” филмскиот фестивал и тоа еден ден пред официјалниот старт.
Гулар пристигна во Венеција во транспарентен црн фустан со точки. Прозирниот фустан е вистински погодок, а деталите на неа само го надополнуваат беспрекорниот изглед на манекенката.