Ја тужи компанијата, преку неа неговата жена го фатила во неверство

Бизнисмен од јужна Франција ја тужи компанијата “Uber”, затоа што преку неа неговата сопруга дознала по која патека тој ќе се движи за да се види со љубовницата.

Французинот истакнал дека еднаш го искористил телефонот на неговата сопруга за да повика возач на “Uber”.

И покрај тоа што се одјавил од својот налог на телефонот на сопругата, апликацијата на “Uber” продолжила да и испраќа известувања за тоа каде тој се движи, па ова поттикнало сомнеж кај неа.

По ова тие се разделиле, па сега Французиот бара отштета од компанијата од 45 милиони евра.

– Мојот клиент е жртва на грешка во апликацијата, која му направи големи проблеми во приватниот живот, изјави неговиот адвокат Давид Андре Дармон

Убер е американска компанија која брзо стана меѓународна и како алтернативна транспортна мрежа денеска функционира во 60 земји од светот и вози во преку 300 градови. Од почетните 200.000 долари, нејзината вредност денес изнесува фрапантни 50 милијарди долари. А попат ги собра сите проблеми на фирма што пребрзо расте, лоша репутација, скандали, несанодлив менаџмент и сл.