Јапонска терапија со вода: Светски хит за слабеење и здрав живот

Во Јапонија, традиција е да се пие вода веднаш по будењето.

Многу тестови го потрврдија благотворното дејство на оваа традиција.

Докажано е дека голем број на болести се предизвикани од недостаток на вода во организмот.

Водата е главен компонент на метаболизмот. Сите минерали и микроелементи, растворени во вода се апсорбираат во крвотокот и продираат во ќелиите.

При недостаток на вода, се јавуваат проблеми со метаболизмот, што доведува до разни болести.

Јапонското медицинско здружение ја признало оваа терапија како успешна во лечење на разни хронични заболувања, вклучувајки ги и болестите на модерното доба.

Оваа терапија со вода делува благотворно на следниве болести:

– Главоболка, болки во телото, болести на срцето, артритис, епилепсија, гојазност, астма, менингитис, болести на бубрегот, дијареа, очни болести, менструални пореметувања.

Терапија со вода, начин на лечење:

– Наутро, веднаш штом се разбудите, пред да ги измиете забите, испијте 4 чаши млака вода од 160 мл

– Измијте се, и не јадете ниту пијте во рок од 45 минути.

– по 45 минути можете да појадувате.

– во рок од 2 часа по појадокот, ручекот и вечерата, не конзумирајте никаква храна ниту вода.

Постарите луѓе, оние со намален имунитет и оние кои не можат да испијат одеднаш четири чаши вода, можат да почнат со помала количина вода и постепено да ја зголемуваат количината.

Јапонците тврдат дека овој третман е благотворен за организмот и промовира здрав начин на живот. Медицинските лица препорачуваат оваа терапија со вода да стане наше секојдневие.

Препорачаната количина на внес на вода во текот на денот изнесува 30 милилитри на килограм тежина.

На пример, лице кое тежи 65 килограми, дневно би требало да внесува околу 1.950 мл вода.

Оваа јапонска метода нема несакани ефекти, но на почетокот од третманот можно е да имате честа потреба за одење во тоалет.