Како близначки: Меган маркл и Кејт Мидлтон во идентичен стајлинг (ФОТО)

Откако Меган Маркл стана дел од кралското семејство, Кејт Мидлтон доби сериозна конкуренција, кога станува збор за модните комбинации.

За доста кратко време, бившата актерка ја доби титулата нова модна икона, а статистиките покажуваат дека скоро и ја достигна Кејт, кога се споредува вкупната побарувачка на облека која војвотките ја носат на јавни појавувања.

На одбележувањето на Денот на сеќавањето на жртвите од Првата светска војна, присуствувало скоро целото кралско семејство, вклучувајќи ги и Кејт и Меган кој од одделни балкони ја прателе церемонијата.

Од фотографиите направени од далеку, скоро е невозможно да се примети за која војвотка станува збор, со оглед на тоа што и двете носеле скоро идентични модни комбинации.

Со црни капути со сличен крој, црни шешири и неизбежни брошеви во облик на црвена булка кој е симбол за загинатите војници, Меган и Кејт изгледале како близначки.