Катрин Денев доживеа мозочен удар

Лошата вест ја објави семејството на француската актерка.

Катрин Денев доживеала мозочен удар со помал интензитет од кој е можно опоравување.

Како што пренесуваат француските медиуми, моторните функции на актерката не се оштетени, но сепак е неопходно да мирува одреден период.

Катрин Денев е легенда на францускиот филм и симбол на духот по кој се познати француските жени.

Таа во периодов снимала нов филм.