Колач со праски

Состојки:

1 кг праски (или друго овошје по желба)
2 јајца
1 чаша (2дл) шеќер
1 чаша јогурт или павлака
2 чаши брашно
½ кесичка прашок за печиво
1 дл масло
малку сол
шеќер во прав – за посипување

Подготовка:

Со мешаат јајцата и шеќерот, се додава павлаката (или јогурт) и масло и малку се посолува. На крај се додава брашното, измешано со прашокот за пециво и се меша додека не се добие густа и мазна смеса.
Плехот за печење се премачкува со масло и се посипува со брашно.
Тестото се става во плехот, се пече во рерна претходно загреана на 180°С околу 5 мин. Се вади плехот од рерна и врз полупеченото тесто се реди сечканото овошје. Потоа плехот се враќа во рерната и се продолжува со печење уште 30 мин. Готовиот колач се остава во плехот да се излади и се посипува со шеќер во прав.

Добар апетит!