Мал трик како јагодите да ви останат свежи и да не скапуваат

Во периодот на јагодите кога сите уживаме во нивниот вкус ќе ви дадеме совет како да ви останат свежи и да не ви скапуваат и да останат свежи доколку ги чувате подолго време.

Потребна ви е само една состојка што сигурно ја имате дома.

Во еден сад измешајте половина чаша оцет и две и пол шолјички вода, а потоа додајте ги јагодите и оставете ги да отстојат неколку минути. Оцетот ќе ги уништи сите бактерии што предизвикуваат брзо расипување, а потоа при јадењето на јагодите нема да го почувствувате оцетот.

Потоа исушете го овошјето темелно. Колку подобро ќе ги исушите, толку подолго ќе траат. Јагодите можете да ги чувате во фрижидер, а можете да ги држите и во кутија обложена со хартиена фолија, која ќе ја собере сета дополнителна влага. Овој трик можете да го користите и со другите бобинки. На тој начин и капините и малините ќе останат свежи подолго.