Мистерија: Еве зошто пламенот нема сенка

Во училиште не учат дека сите работи, кога ќе се осветлат, произведуваат сенка. Меѓутоа, ова е само делумно точно, затоа што пламенот, кога ќе се осветли, не „фрла“ сенка, пишува српски Телеграф.

Бојата и температурата на пламенот зависи од видот на гориво кое учествува во согорувањето, а тоа можеме да го забележиме ако држиме запалена запалка во близина на запалена свеќа.

За да се провери како изгледа тоа, новинарите на српски Телеграф направиле мал експеримент.

Земале кибрит и ја насочиле светлината. На ѕидот јасно се гледало дека постои негова сенка. Потоа истото тоа шкорче го запалиле, повторно го насочиле кон светлината.

На ѕидот јасно се гледала сенката на раката и кибритот, а сенката од пламенот кој горел воопшто не била видлива.

Пламенот навистина нема сенка, а еве и кратко објаснување зошто е тоа така.

Сенката се создава на одредена подлога (ѕид, под) кога меѓу подлогата и изворот на светлина се испречува некој објект кој блокира одреден дел од светлосниот сноп. Меѓутоа, кога тој објект е и самиот извор на светлина, како пламенот, тогаш на подлогата нема сенка. Тоа е причината поради која не се гледала сенката пламен на ѕидот.

Кога нешто станува многу жешко, или пече, тоа емитува светлина како дел од процесот на запалување. И додека таа светлина која се емитува не фрла сенка, многу често материјалот кој гори тоа го прави.

Тоа што отежнува да се види оваа сенка е пламенот кој сам по себе фрла светлина од „изворот“ на пламенот, а за воопшто да можеме да ја видиме таа сенка, потребен ни е извор на светлина кој е посветол (по можност сонцето) од пламенот кој сме го запалиле.

Обидете се, на пример, да земете свеќа и да ја држите така што сончевата светлина дирекно да паѓа на неа. Би требало да сте во состојба да ја видите сенката од пламенот на ѕидот или на подот зад сенката.