На вљубените не им е ладно, љубовта грее навистина: !

Вљубените личности и оние кои водат богат друштвен живот се помалку чувствителни на промените на температурата.

Од друга страна, осамените луѓе имаат просечно пониска температура на телото, покажало истражувањето на еден холандски универзитет.

Ако не сте покрај саканата личност, во просторијата може да биде уште поладно отколку што е во реалноста.

Научниците веруваат дека друштвените врски не греат на психичка база, а затоа штомозокот управува со телото, емоционалната топлина создава и вистинска топлина, а емотивното студенило може да не – заледи.

Иако истражувањето е спроведено на компјутер и се работи за многу мали промени на телесната температура, научниците заклучиле дека тие сепак се мерливи и дека зависат од друштвените врски како односот со родителите или пак односот на вљубениот пар.