Најбогатиот човек во Кина го напушта бизнисот, ќе се посвети на образованието во Кина

Џек Ма е коосновач на интернет продавницата Алибаба и важи за најбогатиот човек во Кина и еден од најбогатите луѓе на планетава.

Тој неодамна го напуштил директорското место во Алибаба, а во иднина ќе се посвети на образование на децата.
Ма отвора училишта каде децата ќе учат мудрост.

Својот образовен проект Џек Ма го најавува некое време, а сега веќе основа градинки, основни и средни училишта.

Последните 5 години работи со наставници од руралните подрачја и развива систем кој би му помогнал да се откриваат “вистински лидери”, составен од разни системи, од американскиот до оној во Стар Рим.

На прашањето што планира да прави по напуштањето на директорското место во Алибаба, Џек Ма одговара дека следните години ќе посетува училишта и наставниците ширум светот и ќе учи од нивните искуства, бидејќи сака да се посвети на образованието на младите во време на информатичката технологија.

Коосновачот на интернет продавницата Алибаба чије богатство се проценува на 38 милијарди долари сака да ги вложи парите во подобрување и промена на образовниот систем во Кина, а не да ги дава на инвеститори и во банки.

Смета дека е доволно млад за следните 15 години да подучува, бидејќи во Алибаба го постигнал тоа што сакал и му ја предал компанијата на првиот соработник.