Најубавиот хотел со 0 ѕвездички – соби без ѕидови, кров и врати, среде Алпите

Null Stern hotel е дело на концептуалните уметници Френк и Патрик Риклин. Нивната главна цел била да ги запознаат луѓето со убавините на Швајцарските Алпи, но на еден сосема поинаков начин.

„Отворен“ е во 2016-та година и на располагање имал неколку соби кои се наоѓале на 1200 метри надморска височина во кантонот St. Gallen.

Не сме баш сигурни колку ова може да се нарече соба затоа што сепак станува збор за подлога со кревет и ноќни масички среде планина.

Во нивната непосредна близина има колиба со тоалет кој можат да го користат гостите, но и батлер кој ги задоволува нивните барања.

За овој хотел постојано имало листа на чекање.

Во моментов, не функционира, но за ова лето се подготвува нешто слично – хотел со соби без кров и ѕидови кој ќе го има на повеќе локации низ Швајцарија.