Научно докажано: Автомобилите се позагадени од вашиот дом

Автомобилите редовно ги проветруваме, но загаденоста е многу поголема отколку што мислиме, барем така покажуваат резултатите од едно истражување.

Според експертите, воздухот во автомобилот е позагаден од воздухот во вашиот дом.

Тие го анализирале воздухот во повеќе од 100 автомобили. Експертите откриле дека постојат многу штетни хемикалии на седиштата, како и сите честички кои влегуваат низ вентилацијата на автомобилот.

Загаденост создаваат и украсите во автомобилот, лакот и другите пластични материјали. Истражувањето потврдува дека загадувањето во автомобилите е 41%, односно 23% повеќе од дозволеното.

Експертите ги советуваат производителите на нови автомобили да ја намалат емисијата на штетни материјали во возилата, а конзументите да ги отвораат прозорците во текот на целата година.