Ништо без наука: Еве како правилно се јаде хамбургер (видео)

Колкупати ви се случило целосно да ви се распадне хамбургерот кој го јадете?

Ако сакате тоа повеќе да не ви се случува, следете го упатството кое го дадоа научниците.

После четири месеци напорна работа во лабораторија, научниците откриле идеален начин за држење на хамбургерот, за да останете чисти, без месо и кечап по рацете.

Во јапонската телевизиска емисија Honma Dekka, учествувале три истражувачи, експерти за механика на флуид, инженеринг и стоматологија, кои се обиделе да го откријат најдобриот начин на кој треба да се држи голем хамбургер.

Резултатите откриле дека луѓето самите се виновни што плескавицата излегува од лепчето, бидејќи погрешно го држат.

Погледнете како треба:
Палците и малите прсти одат на крајот од лепчето.

Средните три прста одат на горната страна на лепчето.

Ваквиот распоред на прстите овозможува рамномерен притисок врз лепчето.