Папагали отстранети од зоолошка,зашто меѓусебе се научиле да ги пцујат посетителите

Вработените во зоолошка градина во Велика Британија биле принудени да одделат група од пет африкански сиви папагали кои ги пцуеле посетителите и ги отстраниле подалеку од очите на јавноста.

Според светските медиуми, папагалите биле донирани во зоолошката градина од пет различни сопственици, но пред да бидат изложени, тие поминале некое време заедно во карантин, каде што брзо научиле да пцујат, учејќи се еден со друг.

Освен најчестите, во нивниот речник може да се најде секоја можна пцовка, вели директорот на зоолошката градина во Линколншир, Стив Николс.

Иако посетителите најчесто ги сметаа за забавни, поради можното негативно влијание врз децата, папагалите се раздвоени и привремено преместени на локации далеку од очите на јавноста, со цел да ги заборават пцостите.