Победете го попладневниот замор (совети)

Во попладневните часови секогаш опаѓа концентрацијата, поспани сте, мрзеливи, работите полека… Тоа се симптоми на попладневниот замор, кој не е знак на болест или старост, туку природна реакција на организмот на тој период од денот.

Имено, после ручек нагло опаѓа енергијата и чувствуваме поспаност. Поради тоа во многу земји работното време е двократно и задолжителна е пауза од неколку часа за време на ручекот, затоа што тогаш продуктивноста е на најниско ниво.

Доколку го немате тој луксуз да можете да се отспиете и така да се освежите и рехабилитирате, енергијата би требало да ја обновите на други начини.

Избегнувајте обилен ручек

Вариво, морски плодови и тестенини, како и свежи салати од зеленчук се добар избор за овој период од денот. Важно е наместо чоколадо и други слатки работи да внесете овошни шеќери кои нема да ве заспијат. Наместо класичен ручек, можете да се определите и за полесна варијанта како овошен ручек, порција младо сирење или ореви кои ќе ве заситат.

Шоља кафе по 30 минути по јадењето

После јадењето почекајте најмалку 30 минути за храната да „легне“ во желудникот, а дури потоа напијте се кафе. Ако го испиете веднаш после јадењето, кафето нема да има ефект на енергетска бомба.

Не заборавајте вода

Ако дехидрирате ќе се почувствувате омалаксано, а тоа најчесто се случува во попладневните часови кога поради обврските заборавате да пиете вода.

Кратка прошетка

Кога ќе почувствувате поспаност, а не сакате да пиете уште едно кафе, излезете на свеж воздух и прошетајте се. Доволно е 10 минутна прошетка за да веќе почувствувате прилив на енергија, а воедно ќе согорите и по некоја калорија.