Погледнете како настанала оваа прекрасна плажа (видео)

Неколку километри од градот Пуерто Валјарта, во Мексико, се наоѓа Националниот парк Острови Маријета.

Тоа се два идилични острови кои туристите ги обожуваат, а посебно еден од нив, поради плажите кои тука се наоѓаат.

За време на Првата Светска војна, мексиканската војка го користела овој остров за тестирање на најразлични бомби.

Тестирањето на бомбите создале огромен кратер сред густа шума кој со тек на времето станал плажа од соништата.

Мексиканците ја нарекле „Плажа на љубовта“.

плажа на љубовта

Во кратерот се оформила прекрасна песочна плажа од која со водени тунели може да се стаса и до самиот брег на морето.

Плажата на љубовта не е единствената случајна сензација на острвот.

Останатите експлозии создале бројни пештери и тунели кои туристите со задоволство ги истражуваат.