Постојат неколку видови интелегенција: Која сте вие ?

Теоријата за различните типови на интелегенција на професорот Ховард Гаднер, кажува дека интеленгијата е збир на повеќе работи, а не само на една доминантна способност.

Тој во неговата книга зборува за 9 типа на интелегенција.

1. Природна интелегенција

Оваа интелегенција е способноста за живеење меѓу живите суштества, но и осетот спрема појавите во природата.Оваа способност најмногу се гледа кај ботаничарите и куварите.

кувари

2. Музичка интелегенција

Музичката интелегенција претставува способност за разликување тонови, ритам, бојата на звукот и тонот.Често постои и поврзаност ,меѓу музиката и емоцијата. Освен тоа музичката и математичката интелегенција често имаат сличен процез на размислување.

музика

3. Логичко математичка интелегенција

Оваа интелегенција е способност за пресмеување, знаење на пропорции како и изведување математички операции. Овозможува перцепција за поврзување на причината и последиците. Математичарите, научниците и детективите имаат доста развиена логичка интелегенција.

математика

4. Егзистенцијална интелегенција

Се работи за способноста за размислување за длабоки прашања во врска со човечкото постоење, смислата на животот, зошто живееме и од каде потекнуваме.

5. Интерперсонална интелегенција

тоа е способност за разбирање и интеракција со другите. Ја вклучува и вербалната и невербалната комуникација. Професорите, социјалните работници, глумците и политичарите го поседуваат овој вид на интелегенција.

театар

6. Телесно кинестетичка интелегенција

Се работи за различни телесни способности. Спортистите, танчерите и хирурзите се дел од оваа група.

спорт

7. Лингвистичка интелегенција

Се работи за способност за користење на јазикот за да се изрази комплексна мисла. Оваа интелегенција овозможува да се разбере редот и значењето на зборовите. Ваква интелегенција поседуваат писателите, новинарите и јавните говорници.

книги

8. Интерперсонална интелегенција

Оваа интелегенција е во врска со способноста за разбирањето на самиот себе, своите мисли и чувства. Ваквата интелегенција се среќава кај психолозите и филозофите. Луѓето кој имаат ваков вид на интелегенција како млади се многу срамежливи, но се многу свесни за своите чувства.

психолог

9. Просторна интелегенција

Просторната интелегенција претставува способност за тродимензионално размислување. Се работи за замислување слики, уметничка способност и бујна фантазија. Пилотите, сликарите и архитектите се тип на луѓе кои најчесто поседуваат ваков вид на интелеенција.

пилот