Превенција и лекување Терапија со сода бикарбона: Ги прочистува дишните патишта и ја смирува кашлицата во рекорден рок!

Содата бикарбона има голема примена во медицината, а се покажала и како многу ефикасна во борбата против кашлица и проблеми со дишните органи.

Најдобриот начин е инхалацијата на сода, а оваа терапија ја препорачуваат и некои пулмолози.
Еве како дејствува на организмот

Инхалирањето со сода ја навлажнува слузницата и на тој начин ја омекнува слузта и помага за полесно исфрлање.

Кога страни микроорганизми ќе влезат во дишните патишта, се јавува кашлица како рефлекс за заштита на телото. Кашлицата се развива кога ќе дојде до иритација на нервните рецептори.

Со оваа намирница што сигурно веќе ја имате во вашиот дом, можете да го излечите болното грло, затнатиот нос, да ја ублажите кашлицата и да ги прочистите дишните патишта.
Штом почувствувате болка во грлото, пригответе ја смесата за испирање:

Ставете една лажичка сода во чаша зовриена вода. Грлото се испира до пет пати дневно. За ублажување на кашлицата, лажичката сода треба да ја сипете во чаша зовриено млеко и да ја испиете пред спиење.
За кашлање помага инхалација

Се користи една лажичка сода на литар топла вода. Врелата смеса сипете ја во метален сад, покријте ја главата со пешкир и длабоко вдишете. Овој процес би требало да го повторувате секоја вечер пред спиење.