Пријатели се обложиле, исходот бил фатален!

42-годишниот Субаш Јадав со својот пријател тргнал на пазар.

По кратката вербална расправија, двајцата пријатели се обложиле.

Облогот бил оној кој од нив двајца ќе изеде 50 јајца ќе добие 2000 рупји (околу 25 евра)“.

Субаш го прифатил облогот и успеал да изеде 41 јајце.

Но кога во устата го ставил 42 јајце, тој паднал во несвест.

Тој итно бил пренесен во Институтот за медицински науки но напорите на лекарите биле залудни.

Субаш Јадав неколку часа подоцна починал.