Решена е мистеријта за чудовиштето од Лох Нес

Една група научници со месеци истражувале околу езерото Лох Нес и сметаат дека доаѓаат до решавање на мистеријата за мистериозното чудовиште Неси.

Научниците изолирале траги од ДНК од примероци од водата, земени од различни делови и длабочини од езерото.
Но, според нивните сознанија, сите траги покажуваат дека во ова езеро живеат познати видови животински свет и не е пронајдено ништо мистериозно.

Во езерото се пронајдени многу траги од ДНК од јагули, па мистеријата веројатно е изградена на единка која пораснала повеќе од вообичаено.