Ресторан забрани влез за деца под 14 години: “Не знаат да се однесуваат, а на родителите воопшто не им е грижа”

Ресторан во германскиот туристички остров Руеген на Балтичкото море забрани влез на деца во вечерните часови.

“Размислувавме за тоа веќе некое време”, рече Рудолф Маркл, менаџерот на ресторанот Омас Куех во островскиот град Бинз.

Гостите под 14 години после 17:00 часот нема да можат да влезат во ресторанот, бидејќи не знаат да се однесуваат, а родителите не се грижат за тоа. Децата им досадуваат на гостите на соседните маси, ги влечат чаршафите од масите и превртуваат чаши со вино.

“Родителите тоа го гледаат со смеење, продолжуваат да јадат и воопшто не им е грижа”, додава Маркл.

Без нив, гостите конечно ќе имаат мир. Претседателот на сојузи на хотели и ресторани во германската покраина Мекленбург, на западното крајбрежје, каде што се наоѓа и Руеген, не е среќен поради таа одлука, но нагласува дека секој угостител има право да ја води својата работи како што сака.

“Ние во Мекленбург настојуваме да бидеме пријатели со децата”, вели Ларс Скварц.