Секојдневни грешки со кои го нарушувате вашето здравје

Веќе знаете за оние мали грешки кои му штетат на вашето здравје, како прескокнување на појадокот, носење на високи потпетици, нередовно спиење…

Меѓутоа,дали пропуштате уште нешто?

Ви пренесуваме листа на секојдневни грешки со кои си го нарушувате вашето здравје.

1. Сушите алишта дома – ГРЕШКА

Сте ги пружиле водените алишта дома. Иако алиштата се чисти, тие го загадуваат воздухот, тврдат научниците. Влажната облека ја зголемува влажноста на воздухот создавајќи алергиско опкружување кое ја зголемува концентрацијата на грињите до 300% од сигурносната граница. Грињите се мали ситни суштества кои се хранат со мртвите клетки на кожата и ги има на теписите, на простирките, креветот е идеално место за нив, завесите…

Околу 25% од домаќинствата во кои се сушат алишта се позитивни на габата Aspergillus fumigatus која преизвикува инфекција на белите дробови кај луѓето со ослабен имунолошки систем.

СОВЕТ: научниците препорачуваат алиштата да ги пружате во простор кој има независен извор на топлина и вентилација. Ако сушите облека во бањата, вклучете го вентилаторот и затворете ја вратата.

2. Ги миете забите веднаш по појадокот – ГРЕШКА

Забите чистете ги непосредно по оброкот или пијалкот. Секој пат кога ќе се напиете некој напиток како кафе или сок од портокал, киселината ја „преплавува“ устата. Ако ги измиете забите пред плунката да ја неутрализира pH вредноста, тогаш киселината ја втријувате во глеѓта, а тоа ја забрзува нејзината ерозија.

Луѓето кои ги мијат забите 20 минути откако испиле нешто кисело, изгубиле повеќе дентин (слој под глеѓта) од оние кои почекале малку подолго за да ги измијат забите, покажало истражувањето.

СОВЕТ: откако ќе се напиете кисел напиток како овошен сок, газиран пијалок или вино, испијте чаша вода и почекајте барем 30 минути пред да си ги измиете забите. Дотогаш, плунката ќе ги неутрализира киселините и ќе ја реминерализира глеѓта.

3. Чувате компир во фрижидер – ГРЕШКА

Компирот сте го изложиле на превисока или прениска температура. Кексите, темниот тост, чипсот, помфритот и другите јагленихидрати содржат два вида на состојќи: шеќер и аминокиселина аспаргин. На високи температури како пржење и печење, таа комбинација создава акриламид, хемикалија поврзана со некои вид на карцином (рак на јајниците и бубрегот), предупреди неодамна Агенцијата за храна и лекови.

Чипсот и помфритот посебно се опасни кога ќе се стават во фрижидер пред готвење. Ладното претвара повеќе скроб во шеќер што резултира со повисоко ниво на канцерогени.

СОВЕТ: дома можете да го намалите нивото на акриламид во пржените компири со нивно чување на темно и ладно место или држење на сирови кришки во вода од 15 до 30 минути пред готвење. Готвењето е најдобра техника ако сакате да ги намалите акриламидите. Колку повеќе компирот добие смеѓа боја, толку повеќе повеќе содржи акриламид.

4. Пиете иста таблета за главоболка и мамурлак – ГРЕШКА

Често користите лек против болки ацетаминофен. Кога ќе помешате ацетаминофен со алкохолен пијалок, бубрезите патата се тврди во една студија. Ацетаминофенот го инхибрира протеинот кој телото го корсти за разградување на алкохол, а освен тоа алкохолот може да предизвика дехидрација, а тоа уште повеќе ги напнува бубрезите.

СОВЕТ: Немојте да комбинирате ацетаминофен со алкохол. Распрашајте се во аптека.

5. Носете сјајна жолта торба – ГРЕШКА

Сте избрале светла торба од лажна кожа. Торби, новчаници и каиши изработени од светла лажна кожа често содржат ниво на олово многу поголемо од дозволеното. Најмногу е пронајдено во жолтите, зелените, портокаловите и црвените. Оловото кое може да се пренесе од торбата, во рацете, па во устата, предизвикува проблеми во развојот кај децата, а кај возрасните поврзано е со болестите на срцето и некои видови на рак.

СОВЕТ: за да бидете сигурни, избегнувајте торби и новчаници изработени од лажна кожа и одлучете се за платно или најлон, ако вистинската кожа не ви е достапна.

6. Излегувате со пушач – ГРЕШКА

Мислите дека устата како пепелник е најлошата работа кога се бакнувате со пушач. Меѓутоа, токсините од цигарите го намалуваат имунолошкиот систем во грлото, поради што пушачите во себе ја носат бактеријата neisseria meningitidis. Бактеријата со бакнување се шири и се слева во задниот дел од грлото.

СОВЕТ: препорачајте електрична цигара