Семејството Кардашијан не штеди на подароци! (видео)

Познатите деновиве на фановите им откриваат детали од нивните новогодишно декорирани домови, а како и по обичај, лидери во ова се членовите на ријалити семејството Кардашијан.

Кајли на Јутјуб објави видео во кое открива како изгледа нејзиниот дом непосредно пред Божиќ, а откри и што доби нејзината ќеркичка Сторми од својата баба.

Крис била поттикната да одбере огромна куќичка за својата внука бидејќи и Кајли имала иста таква кога била дете Мебелот што се наоѓа во куќичката на Сторми некогаш бил дел од куќичката на Кајли.