Што ќе се случи ако сите скокнеме во ист момент?

Што ќе се случи ако сите луѓе на Земјата скокнат во ист момент?

Дали тоа ќе предизвика огромен земјотрес? Дали ќе ја исфрлиме планетата од нејзината орбита? Дали нешто воопшто ќе се случи?

Мајкл Стивенс, домаќин на онлајн серијалот Vsauce решил да открие што ќе се сучи ако цело човештво во ист момент реши да скокне.

Стивенс открил дека ако навистина тоа се направи – ништо нема да се случи.

Земјата е толку голема што силата на скокот на сите 7 милијарди луѓе би поместиле само стотинка од еден атом на водород.