Што ќе се случи со вашето тело кога 30 дена би пиеле доволна количина вода?

Дали внимавате колку вода пиете дневно?

Малкумина се тие кои ќе одговорат дека секојдневно внесуваат онолку, колку што му е потребно на телото. За жал, повеќето луѓе пијат вода набрзина…

Наместо вода, повеќето, се одлучуваат својата жед да ја гаснат со разни пијалаци или кафиња, со кои се обидуваат да го подигнат нивото на енергија.

Но, наместо да помогнат, тие течности предизвикуваат дебелеење и нарушување на нашето здравје.

Со внесувањето доволно количество вода, ние ќе си го подобриме здравјето и ќе ги намалиме вишокот килограми.

Според една студија, половина литар вода го подобрува метаболизмот за 30 проценти и кај мажите и кај жените. Друго истражување спроведено на Универзитетот во Бирмингем, опфатило експеримент во траење од 12 седмици во кое учествувале 84 луѓе со прекумерна тежина, кои биле поделени во две групи.

Луѓето во првата група пиеле по речиси половина литар вода, 30 минути пред нивните оброци. Резултатите од истражувањето покажале дека тие изгубиле речиси килограм и половина повеќе од својата тежина, во споредба со луѓето од втората група.

Но, покрај полесното губење на вишокот килограми, водата со себе носи и други придобивки. Што ќе се случи со вашиот организам доколку 30 дена пиете доволно количество вода?

1. Вашата кожа ќе биде хидрирана

Ако не пиете доволно вода, кожата ќе ви биде сува и набрана, затоа што токсините се наталожиле во еден подолг временски период. Луѓето кои не пијат доволно вода изгледаат изморено и истоштено.

2. Ќе чувствувате помалку болка во зглобовите

Доколку чувствувате болка во зглобовите, сите течности кои вообичаено ги пиете, во наредните 30 дена заменете ги со вода и веднаш ќе почувствувате подобрување.

3. Ќе имате повеќе енергија

Доколку не пиете доволно вода, вашиот организам се потпира на крвта за да добие кислород, што ќе ве направи послаби и безволни. Водата ја подобрува виталноста на организмот.

4. Подобро ќе ги препознавате знаците за глад и жед

Доколку го зголемите количеството на вода, ќе забележите дека ви се намалува апетитот, затоа што водата го полни вашиот стомак и навлегува во клетките, исто како и храната. Но, доколку и по испиеното поголемо количество вода, се уште чувствувате глад, тоа значи дека треба да јадете.

5. Ќе имате понизок крвен притисок

Доволно количество вода создава услови за побрз проток на крвта, со што се намалуваат можностите за висок крвен притисок.

6. Водата го намалува нивото на холестерол

Доколку имате повисоко ниво на холестерол во крвта, во наредните 30 дена одлучете се да пиете само вода и да ги замените сите газирани и вештачки засладени пијалаци. Ќе забележите дека нивото на холестерол во крвта се нормализира, затоа што водата и во овој случај игра огромна улога.

7. Ќе исчезне главоболката

Кога не пиеме доволно вода, тоа едноставно му наштетува на мозочното ткиво, кое дава сигнали дека нешто не е в ред. Дехидрираниот организам го намалува волуменот на крвта, што значи дека помалку крв и кислород стигнуваат до мозокот.
Со пиење доволно количество вода секојдневно, ќе се ослободите од главоболката и ќе бидете во подобра психичка состојба.