Слаткаристика на интервју со дедо: „Кејф ми е што направив мелодија која сега е препознатлива за овој светски бренд“

На интервју со дедо е раперот на дедо, Марко Маринковиќ, или како што сите го знаете Слаткаристика.

За Слаткаристика хип хопот е тоа што најдобро го познава, а лошата социјална состојба во која е израснат и неговиот бунтовнички дух, го направиле овој талентиран артист тоа што е денес.

По неговиот успешен почеток, доаѓа соработката со „Јованов Рекордс“ и тој го издава својот прв албум „Слаткаристика Будало“, по кој следува уште еден насловен „Новиот Албум“ кој е прогласен за најдобар и најпродаван за 2012 година.

Слаткаристика навистина станува влијателен артист, поради што почна да пишува текстови и за многу други ѕвезди во Македонија.

Еве што кажа внукот Слаткаристика во интервјуто со дедо

Слаткаристика

Дедо: Кажи ми внуче што претставува Балканистика?

Слаткаристика: Па вака дедо, Балканистика е идеја, најава за проект што ќе следува во иднина. Цел живот работам на музика која изворно доаѓа од Америка.

Сакам да работам на секаква музика, но предизвик ми се тие балкански звуци. Дали ќе ја работам таа музика под псевдонимот СЛАТКАРИСТИКА или како дел од некаква група или оркестар – тоа е сеуште тајна и за мене.

Слаткаристика

Дедо: Внучко ти си еден од ретките, ако не и единствениот македонски изведувач кој има настапи во Бугарија.

Како бугарската публика ја прифати твојата музика?

Слаткаристика: Знаеш дедо македонскиот и бугарскиот јазик се многу слични.

Линкот е интернет, Бугарите немаат артисти кои се слични на тоа што го правиме ние, овде – тоа е рецептот!

Дедо: Внуче по хитот „Тик-Так“ со бугарската ѕвезда Криско има ли на повидок нова македонско-бугарска соработка?

Слаткаристика: Дедо да знаеш дека 100% ќе има нова соработка со Бугарски артист.

Бугарија има артисти што се супер уникатни. Истото што го кажав за нас важи и за нив. Стилски се различни од се’ што сме чуле на нашиве простори.

Слаткаристика

Дедо: Убав на дедо знаеш дека „Синалко“ слават 111 години постоење, па кажи му на дедо кој вкус ти е омилен?

Слаткаристика: Па дедо, освен енергетскиот пијалак на Sinalco- EnergiS што го пијам често, омилен Sinalco вкус ми е Orange, најдобриот газиран сок од портокал што сум го пробал!

Слаткаристика

Дедо: Внуче знам дека учествуваш на новиот, супер забавен ТВ спот на Sinalco, но се појавуваш и како автор на музиката и текстот на рекламата.

Дали лесно се справи со овој предизвик?

Слаткаристика: Мил дедо кејф ми е што направив мелодија која сега е препознатлива за овој светски бренд, а текстот е краток и јасен и вклучува се’ што е Sinalco.