Сода-бикарбоната може да ги замени пестицидите: Како да ја користите за да го спасите овошјето

Време е за градинарство. Ви донесуваме неколку совети за благодатите на сода-бикарбоната, кои можете да ги користите во текот на летните месеци.

Сода-бикарбона за винова лоза и грозјето

Ако имате винова лоза не заборавајте да ја прскате со раствор од сода-бикарбона:

75 гр сода-бикарбона измешајте во 10 литри вода. Испрскајте го грозјето во текот на зреењето и со тоа ќе го спречите сувото расипување, а можете и да го зголемите шеќерот во зрната. Истиот раствор може да се користи и за прскање на стеблата на разни овошки и со тоа да ја спречите појавата на гасеници на лисјата.

Сода-бикарбона против пестицидите

Краставица: За превентивно прскање на краставиците користете 1 мала лажица сода-бикарбона и 1 литар вода. Со ова ќе го спречите пожолтувањето на листовите.

Зелка: Со истиот раствор може да го посипете зелката против гасеници или инсекти. Исто така, можете да направите раствор од 9 лажици јаболков оцет и 1 литар вода. Со овој раствор испрскајте ја зелката и нема да имате проблем со бубачките.

Рибизли: Овие плодови испрскајте ги со следниов раствор: 1 супена лажица сода-бикарбона, 1 аспирин, 1 лажица детергент за миење садови, 1 лажица растително масло и 4,5 литри вода. За да ги привлечете пчелите на грмушката на рибизлите, испрскајте ги со медена вода: во литар вода растворете 1 лажица мед. Ова ќе ги привлече опрашувачите и вашите рибизли ќе имаат богат плод.

Јагоди: Во 10 литри вода (задолжителна е пластична канта) капнете 15 капки јод и мешајте со дрвена лажица за јодот да се раствори во водата. Потоа обилното полевање на јагодите, или после дожд, покрај секоја јагода сипете и малку од овој раствор. Потоа може да размислувате за тоа да ги пресадите јагодите на друго место. И добро водете сметка да не ја надминете дозата на јодот, бидејќи во спротивно можете да го изгорете коренот на јагодите.