Совет од дедо за дамите: Како да го преживеете цел ден во високи потпетици?

Навистина е убаво да се види жена во високи потпетици, но цел ден во штикли понекогаш може да биде пекол.

Сепак, постојат начини цел ден да бидете во штикли, насмеани и опуштени.

Разгазете ги новите потпетици дома
Немојте да чекате до најважното излегување за цела вечер да сте во болка и да откриете дека новите потпетици постојано ви создаваат потешкотии. Прво, малку разгазете ги дома, одете со нив најмалку два часа. Кога тоа ќе го правите, најдобро е да сте во хулахопки или во тенки чорапи, со што ќе ги раширите доволно колку што е потребно да бидат удобни, а да не се рашират премногу па после да ви излегуваат од петите. Облечете ги уште еднаш 20 минути пред да излезете за да ги омекнете и нозете да се навикнат на нивниот облик.

Милиметар по милиметар…
За оние кои досега не носеле високи потпетици или тоа го правеле ретко, препорака е висината на потпетицата да ја зголемуваат постепено. Ако сте една од оние среќници која има голема колекција на чевли кои ретко ги боси, а се со различна висина на потпетиците, вежбајте во нив. Како ќе расте вашата самодоверба, така нека расте и висината на вашите потпетици. Ако сте како поголемиот дел од девојките, немате широк избор во својата колекција на чевли, не се секирајте затоа што постојат и други начини да научите да одите во потпетици како кралица.
Постојат вежби кои можат да ви помогнат да ги зајакнете стапалата – тоа можете многу едноставно да го работите дома, а се што ви треба е столица на која ќе се потпрете. Прстите нека ви бидат опуштени, па подигнете се на ниц држејќи ги петите што повеќе во воздух. Повторете го ова неколку пати. Звучи едноставно, но ако оваа вежба ја повторувате неколку пати секој ден, ќе се изненадите колку сила ќе добиете во стапалата.

Стојте цврсто
Обидетет се малку да ги свртите стапалата нанадвор, тоа ќе им даде стабилност на вашите колкови, што ќе резултира и со посилни глуждови. Тоа значи поголема удобност, а вашата целокупна појава која е најважна, ќе изгледа многу повеќе елегантна и „под контрола“.

Опуштете се
Зацврстете ги стомачните мускули, долниот дел од грбот, бутовите и карлицата. Важно е да се запамети дека ако сте силни во средината на телотот, ќе исчезне укоченоста во екстремитетите. Исто така, сетете се да ги опуштите и колената затоа што тие многу лесно стануваат напнати додека сте во високи потпетици.

stikli

Не марширајте, лизгајте
Поради манекенките на модните писти, многу жени мислат дека смелото и гламурозното одење во штикли е некој вид на пренемагање, но тоа не е вистина. Ако не сакате да тапкате наоколу без нималку женственост запаметете дека треба да се опуштите. Идејата е да не изгледате напнато, туку лежерно и полни со самодоверба.

Обрнете внимание на рацете
И рацете мора да бидат опуштени и нежно поставени покрај вашето тело. Одмавнете со рацете и лактите за долниот дел од раката слободно да ви се клати. До брзиот животен стил, речиси и забораваме како треба да се „држат“ рацете затоа што постојано балансираме некој терет, дали детето или некоја кеса. Опуштените раце и дланки создаваат самодоверба.

Вложете во добри чевли
Добриот чивт чевли ќе ви направат усуга кога станува збор за удобноста. Кога се во прашање совршените потпетици, тие мора да излегуваат точно од средината на петата. Ако тоа не е случај, тогаш ќе имате потешкотија во рамнотежата затоа што вашата телесна тежина нема да биде подеднакво распоредена.

Грижете се за стапалата
Не ја пропуштајте негата на стапалата. За ги опуштите стопалата и прстите, обидете се со редовна самомасажа. За тоа ќе ви бидат потребни само две до три минути дневно. Ако можете да си дозволите третман на стапалата во салон за убавина, тогаш направете го тоа. Нозете секогаш треба да ви се во топ издание за да изгледате прекрасно во високи потпетици.

Вежбајте
Ако сте силни по конструкција, нема да имате проблем во високи потпетици, а вашето држење ќе биде исправено, лежерно, токму како што треба. Постојат низа едноставни вежби како тоа да се постигне, а можете да ги правуте дома, па дури и на работа. Сурфајте малку на интернет, најдете и испринтајте неколку вежби кои ќе ги залепите на некое место кое ќе ви биде при рака. А потоа – во акција.

Никогаш не брзајте
Ништо не игледа така секси и самоуверено како жена која има доволно време за себе. Светот е место каде работите се случуваат забрзано. Но доколку низ него поминувате полека и опуштено, можеби ќе го добиете оној дух на ведрина поради кој ќе де чувствувате како да припаѓате во некое друго време.

Лажете
Никој не мора да знае дека во чантата носите рамни сандали