Совети за совршена скара, кои сигурно ќе ви се најдат

Готвачот Марин Медок и неговиот ресторан „ Rougemarin“ надалеку се познати по бургерите, па тој одлучил да ги открие тајните на совршено приготвена скара.

Маринирање

Медок вели дека најголемата заблуда во кулинарството е дека месото треба да омекне во масло.

Едноставно не постои хемиски процес во кој маслото го омекнува месото, тоа само спречува оксидација односно расипување.

Готвачот советува месото да го ставиме во две литри вода со 400 грама сол, а месото да отстои во смесата 24 часа.

Ако сакате да додадете посебен вкус, загрејте ја водата и солта до 85 степенни и додајде зачини, поклопете и оставете да се олади.

Месото и во оваа смеса нека остане 24 часа.

Како да го печете местото

Кај печењето на месото најважно е да отстои на собна температура барем еден час пред печењето, ама многу е важен и жарот на кој се пече месото, а истиот треба да биде силен.

Додека го печете месото не го стискајте со вилушка бидејќи така ќе ги изгуби соковите и ќе биде суво.

Изборот на зачини

Кога се зачините во прашање, треба да се има на ум дека на светлите врсти место најдобро прилегаат благите зачини, а за помрсните парчиња секогаш е добра комбинација мешавина од неколку врсти.

Зеленчук на скара

Зеленчукот е најлесно да се стави на стапче и така да се пече на скара, но за да биде повкусен, претходно посолете го и натопете го во маслиново масло.

Кога го купувате внимавајте зеленчукот да е млад бидејќи во спротивно може да има горчлив вкус.