Три начини како да подготвите млада пченка

Класјето пченка најубаво е да го подготвите уште истиот ден кога ќе го купите или наберете …

Еве идеја за подготовка на млади пченки на три начини.

Подготовка во микробранова печка

Не ги вадете листовите и свилените конци од класјето пченка. Ставете две пченки во печката на највисока температура од 3 до 6 минути.

Оставете ги да се оладат за да можете да ги фатите во рака и потоа извадете им ги листовите и свилените конци и послужете.

 

Сварете ги пченките во вода

Варењето на пченките во вода е класичен и најлесен начин на подготовка. Во еден сад на рингла сипете доволно вода да ги покрие пченките. Посолете. Кога ќе почне водата да врие варете ги уште 10-тина минути и истурете ја водата.

Пченките прелијте ги со ладна вода и почекајте 2 минути пред да ги послужите.

Печење на пченките

Печењето на жар им дава на пченките единствен вкус. Повлечете ги листовите на пченката но не ги кинете туку оставете ги на долниот дел на класот. Тргнете ги свилените конци и класјето пченка ставете ги во солена вода да стојат околу 10 минути.

Извадете ги од водата и истресете го вишокот вода. Ставете ги да се печат на скара околу 15 минути со повремено вртење. Оставете да се изладат и после извадете ги листовите и послужете.