Трошете си ги парите на друго место: Славните сестри се разочарани од Миконос

Луксузниот одмор на Миконос на познатите манекенки, сестрите Џиџи и Бела Хадид заврши неславно.

Додека биле на роденденска прослава, крадци провалиле во луксузната вила во која престојувале и буквално им земале се што понеле на одморот. Кога се вратиле, сестрите затекнале хаос, а останале без скапата гардероба, накитот, торбите.

„Не дозволувајте Instagram да ве залаже, нè ограбија. Никогаш повеќе нема да се вратам овде. Не би ви препорачала да доаѓате тука, трошете си ги парите на друго место“, порача Џиџи Хадид на Instagram.

View this post on Instagram

mornin 🇬🇷

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on