ВНИМАНИЕ: Пет предмети полни бактерии кои ги допираме секој ден

Во нашите раце секојдневно држиме предмети кои се оаза на бактерии.

Некогаш дури и не сме свесни дека нивната употреба доколку не дезинфицираме ќе предизвикаат здраствени проблеми.

Токму тие предмети за кои ќе прочитате од оваа содржина ќе ве натераат да подразмислите дека треба поинаку да им пристапувате зашто се дел од секојдневието.

Во продолжение прочитајте кои се тие извори на бактерии и по секоја употреба мијте ги рацете.

Клучеви

Секој од нас има барем еден сет клучеви што ги користиме секој ден. Клучевите речиси никогаш не се изложени на дезинфикација, затоа барем секој пат кога ги измијте ги рацете.

Мобилен

Го користите секојденвно и постојано ви е во рацете и близу устата, а посебно кога екранот го доближувате до лицето. Затоа темелно пребрижувајте го со антисептички марамици или медицински алкохол.

Прекинувачи за светло

Уште еден дел од вашиот дом кој забораваме да го чистиме. Тие се полни бактерии што ги пренесувате на дланките. Прва работа кога влегувате дома, затоа е многу важно често да ги пребришувате.

Крпа за бришење садови

Оваа крпа е една од највалканите иако имате сосема поинакво мислење.Влажната прашина дополнително собира бактерии и ги размножува. Наместо крпа употребувајте хартиени бришачи.

Звонче на врата

Ѕвончето го чепкаат и познати и непознати. Можеби вие воопшто не го употребувате, но затоа истите бактерии на ваков или на таков начин се внесуваат во вашиот дом. Затоа, не заборавајте почесто да го пребришувате.