Зелениот чај го топи салото и штити од рак, но има и опасна страна која мора да ја знаете

Ако се одлучивте за зелен чај како здрава алтернатива на кафе или пак од некоја друга здравствено оправдана причина, оваа мрачна страна на овој чај треба да ја знаете.

Зелениот чај е многу здрав и се препорачива да го конзумирате, особено како замена за кафе.

Општо е познато дека има значајна улога во успорување на развојот на рак на простатата, дека активно штити од грип, го намалува стресот и му дава енергија на телото, но и го намалува холестеролот.

Освен тоа, тој е одличен сојузник во слабеењето, па ги топи масните наслаги. Но, научниците сепак предупредуваат на неговата лоша страна, а тоа е дека може да пречи во делувањето на лековите за хипертензија.

Имено, зелениот чај е богат со танин кој може да ја ограничи апсорпцијата на железото од зеленчукот и овошјето. Ако го пиете чајот со лимон (збогатен со витамин Ц), ќе го пиништите тоа влијание.

Зелениот чај не смее да се меша со низа лекови и тоа баш поради тоа што содржи кофеин. За точно да знаете што смеете да пиете, а што не, посоветувајте се со лекар, посебно ако имате поголеми здравствени проблеми.

Истражувачите од Медицинскиот факултет Фукушима откриле дека зелениот чај може да го намали делувањето на одредени лекови за грип и настинка, па советуваат внимание и разговор со лекар пред употреба.