Знаете ли во која положба е најздраво да се спие?

Некој сака да спие на грб, некој на стомак, некој згрчен, некој спружен.

Меѓутоа, за нашето тело, спиењето на страна е најздраво.

Искривеноста на телото во текот на сонот може да предизвика стрес, но и напрегање на кичмата, вратот, рамениците, па дури и вилицата.

Стручњаците советуваат дека во текот на изборот на поза за спиење, треба да се внимава на три искривувања на телото – долниот грб, средината на грбот и околу вратот, затоа што целта е природниот облик на кичмата да се одржи во текот на сонот.

Спиењето на стомак е лошо за здравјето, затоа што може да доведе до дегенерација на ’рбетнииот столб. Проблемот е во тоа што во таа позиција најмногу се напрегаат лигаментите и мускулите околу половината и се создава притисок на нервите во рацете, што може да предивика „трнење“ во текот на следниот ден.

Освен тоа, оваа положба не е препорачлива затоа што тежината на телото ги притиска белите дробови, а тоа му пречи на длабокиот циклус издишувања и вдишувања, а со тоа непотребно се притискаат градите.

Кога станува збор за спиењето на грб, проблемот е во тоа што јазикот може да падне наназад и да го блокира дишниот канал. Исто така, оние кои спијат на грб се склони кон ’рчење.

Луѓето со болно срце, одредени болести на дишните органи, глауком или некои стомачни заболувања, можат да имаат корист од оваа поза, ако лежењето на грб го заменат со полуседечки став и ставање на перница под половината.

Научниците сметаат дека најдобрата положба на спиење е спиењето на страна, затоа што оваа поза се вклопува во природната закривеност на половината. Положбата може да се подобри и да биде поудобна ако се постави перница меѓу колената, затоа што на тој начин и колковите ќе бидат порелаксирани.

За потпора на главата се препорачува средно висока перница, а може и „водена“ која едноставно се прилагодува.