Балканска драма: Младоженци за пари се скарале на денот на свадбата!

Цел Градачац во Босна и Херцеговина зборуваше за вчерашниот скандал, кој се случи на венчавката на 23-годишниот Един Хуселиќ од Градачац и неговата избраничка Елда Мујчин од Оџак.
Младенците се скарале пред полноќ, прославата била прекината, а невестата во солзи се врати во својата куќа во Оџак.

Кавгата настанала пред повеќе од 300 гости, откако невестата ги собрала пликовите во кои биле подароците.
Според обичајот, невестата им делела на гостите кафе, а тие ја дарувале со коверти со пари.
Кога поголемиот дел бил собран, таа му рекла на нејзиниот сопруг дека ќе ги земе сите пари, бидејќи таа била која го делела кафето и ги собрала подароците.

Младоженецот и рекол дека такво нешто не доаѓа предвид, бидејќи тој ја платил свадбата и земал кредит да го уреди нивниот заеднички дом.

Невестата, наводно, се обидела да избега со парите, а кога таа не успеала, ја викнала мајка и и се вратила дома расплакана.

-Мојот образ е чист, јас сум млад и можам да продолжам со животот, јас сум жив, здрав. Што можам јас веќе тука да направам, им рекол кратко Един на медиумите.